ВЛАДАТА Е КОНТРАДИКТОРНА Тврди дека има масло, а го ограничува купувањето
Министерот за економија Бектеши во една изјава тврди дека во Македонија има доволно масло за јадење, а од друга страна со официјално известување бара трговците да ја ограничат продажбата на маслото за јадење, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат. Не може на власта да ѝ бидат граѓаните виновни кога самите со својата контрадикторност создаваат сомнежи, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Министерот за економија Бектеши во една изјава тврди дека во Македонија има доволно масло за јадење, а од друга страна со официјално известување бара трговците да ја ограничат продажбата на маслото за јадење. На крајот пораката на Владата е дека има масло, ама немојте да го купувате. Граѓаните со право се загрижени и уплашени бидејќи власта во континуитет создава недоверба. Еднаш велеа дека има доволно пченица, за потоа да видиме дека бараат пченица од соседите. Еднаш велат стоковите резерви се полни, а никогаш не кажаа колкави количини се обезбедени“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.