Владата донесе повеќе уредби за олеснување на финансиската изложеност на граѓаните и компаниите во услови на криза, меѓу кои и за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.
– Со неа се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците. На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација – соопшти владината прес-служба.