ВЛАДАТА ДОНЕСЕ КОНЕЧНА ОДЛУКА Второто полугодие почнува на први февруари!

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови - соопшти Ковачевски.

886

Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови – соопшти Ковачевски.






Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

– Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено – велат од владината прес-служба

Претходно на првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот ја водеше премиерот Димитар Ковачевски беше заклучено дека земјата се наоѓа во пир поради кој се препорача учебната година да започне од 1 февруари со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.

Како што соопштија од владината прес-служба покрај Ковачевски на седницата присуствуваа и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

Поврзани содржини