ВЛАДАТА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА РАБОТА НА ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ „Глесен текстилец“ бара да се почитуваат правата на работниците во трговијата
Претседателката на „Гласен текстилец3, Кристина Ампева тврди дека до нив стигнале голем број поплаки од работници во трговијата.
Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.
– Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.
Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.