ВЛАДАТА ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА ВО ПОДРЕДЕНА ПОЗИЦИЈА Не сме спремни да ги прифатиме бугарските уцени, категоричен Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

„Во последниот протокол кој што е потпишан помеѓу Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно пишува дека историската комисија мора да заврши со својата работа и сите учебници да бидат променети пред Македонија да ги заврши преговорите за членство со ЕУ", рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Телевизија 24.

460

Македонија би можела да има одличен перформанс во делот на владеење на правото, или во делот на екологијата, во делот на земјоделието, или во делот на економијата, но доколку не се прифати бугарскиот диктат за македонската историја, никогаш Македонија нема да стане земја членка на ЕУ, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Аргумент плус” на Телевизија 24.

„Тоа е најголемата штета, трајна штета, историска штета, која што оваа Влада ѝ ја нанесе на Македонија и ја стави во крајно подредена позиција. Такви уцени ние не сме спремни да прифаќаме”, категоричен беше Николоски.






Тој истакна дека еден од најголемите проблеми е тоа што оваа власт Македонија ја стави во уникатна позиција во која што ниедна држава не била, а тоа е да  води паралелни преговори – од една страна да води преговори за прилагодување на законодавството со законодавството на ЕУ, тоа се кластерите, но и паралелно да преговара за историјата со Бугарија.

„Во последниот протокол кој што е потпишан помеѓу Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно пишува дека историската комисија мора да заврши со својата работа и сите учебници да бидат променети пред Македонија да ги заврши преговорите за членство со ЕУ”, објасни тој.

Поврзани содржини