ВЛАДАТА ЈА ПРОДОЛЖИ КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ Обезбедени се 52 милиони денари за нивно гаснење

Од овие средства 41 милион денари се за Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.

111

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите.

Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на Дирекцијата за заштита и спасување, ДЗС, за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите.






Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците  за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.

Поврзани содржини