ВЛАДАТА ЈА ОДОБРИ ПОТРЕБАТА ОД 5Г Следува физибилити студија за инсталација на мрежата

Главниот фокус, како што појаснува МИОА, е обезбедување максимални придобивки од имплементација на 5G, вклучувајќи го и развојот на економскиот пазар преку поддршка и развој на нови услуги од најразлични сегменти на вертикалниот пазар кои се нудат на крајните корисници, обезбедување бродбенд за сите области во државата, развој на електронските комуникации, а особено на 5G мрежите.

79

Информации за потребата од отворање 5G фреквенциите за телеком операторите, како и за почнување физибилити студија за инсталација на бродбенд мрежата на интернетот во земјава се усвоени на вчерашната седница на Владата, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Оттаму истакнуваат дека остануваат на заложбата за континуиран процес на реформи во јавната администрација и дигитализација.






Главниот фокус, како што појаснува МИОА, е обезбедување максимални придобивки од имплементација на 5G, вклучувајќи го и развојот на економскиот пазар преку поддршка и развој на нови услуги од најразлични сегменти на вертикалниот пазар кои се нудат на крајните корисници, обезбедување бродбенд за сите области во државата, развој на електронските комуникации, а особено на 5G мрежите.

На вчерашната владина седница е усвоена и Информацијата за подготовка на Стратегија за реформа за јавната администрација (2023-2030), со акцент на препораките содржани во мониторинг Извештајот на СИГМА за Република Северна Македонија од 2021 година.

– Во рамки на континуираниот процес на реформи во јавната администрација и силните заложби во таа насока, целта е обезбедување модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти – појаснуваат од МИОА.

Поврзани содржини