Влада: Ситуацијата во Прилеп е алармантна, ама ќе се разгледа во петок

279

Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

– Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со ковид-19 – додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.






Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски денеска побара во Прилеп да се воведе карантин поради влошената ситуација со коронавирусот во градот.

Поврзани содржини