Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за доделување на државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ.
– Донесена е Одлука за едностран раскин на овие договори заради фактот дека не се постигна согласност за создавање правна основа за оваа државна помош – велат од владината прес-служба.
Согласно оваа одлука ТЕ-ТО е должно да го плати долгот кон УЈП, со заклучок на Владата доколку во рамките на законската рамка постои можност и се постигне договор, долгот да биде исплатен на рати.