Влада: Пауновски писмено беше известен дека не ја почитува законската обврска

Нема ништо за разрешувањето, но стои дека Стојко Пауновски не ја почитувал законската обврска.

1,190

Преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или се презема. Ова го пишува во соопштението што вечерва стигна од Владата. Нема ништо за разрешувањето, но стои дека Стојко Пауновски не ја почитувал законската обврска.

Во него се додава дека сите институции имале целосен и детален увид во планот за распределба кој содржел податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ требал да преземе 32 вработени, од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт.






„Директорот на Државниот пазарен инспекторат беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска, односно дека во законскиот рок не го прилагодил актот за систематизација на работни места во оваа институција што е дел од постапката за мобилност преку преземање на дел од нераспоредените административни службеници. Со процесот на распределба се решава децениски проблем, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија, од причина што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства. Почитувањето на законите и утврдните постапки врз основа на законските одредби се темел на кој се заснова политиката на оваа влада. Тоа е обврска за сите што се дел од институциите, особено за носителите на одговорни раководни функции“, велат од Владата.

Оттаму објаснуваат дека од увидот во образовниот профил на лицата кои се опфатени во Планот за распределба е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник, ги исполнуваат општите, посебните услови, односно условот видот на образование да биде соодветен на описот на работното место.

„Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници. Членот 5 од Законот за преземање на административни службеници вработени преку K-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, е донесен во декември 2020 година, утврдува дека раководните лица во институциите, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање. Ова го прифатиле 237 институции“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини