Владата до јавниот сектор: Да нема нови вработувања, освен ако не е почната постапката за вработување
За сите трајно испразнети работни места, како пензионирања и други заминувања по различни основи, не смее да има прием на нови вработувања.
Владата на денешната седница одлучи во јавниот сектор времено да се забранат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира
За сите трајно испразнети работни места, како пензионирања и други заминувања по различни основи, не смее да има прием на нови вработувања.
„Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата. Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат“, одлучи Владата.