ВЛАДА БЕЗ ДУИ МОЖЕ, АКО ГЛАСАТЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Бујар Османи одговори на предлогот на Мицкоски

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада – напиша Бујар Османи на Фејсбук.

1,582

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, на социјалните мрежи објави дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.

Неговата реакција доаѓа откако лисерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ би влегла во широка Влада, само под услов во неа да не биде ДУИ.






Поврзани содржини