ВКУСЕТЕ ЈА ЧОКОЛАДНАТА КУЌИЧКА НА ИВИЦА И МАРИЦА Започна Фестивалот на чоколадата во Ист гејт мол

На фестивалот се претставуваат повеќе од 15 брендови на чоколади, трите најголеми македонски фабрики за чоколади и повеќето меѓународни производители на производи направени од чоколада.

70

„Фестивалот на чоколадата“ во Ист гејт мол е фицијално отворен и ќе трае до 26 февруари.

Посетителите можат да се информираат и да научат повеќе занимливости поврзани за чоколадата: да се открие џунглата со палми од каде расте какао плодот, да се види и вкуси чоколадната куќичка на Ивица и Марица, и да се погледне како изгледа процесот на производство на превкусни чоколадни производи, како и да се учествува на чоколадна работилница.






На фестивалот се претставуваат повеќе од 15 брендови на чоколади, трите најголеми македонски фабрики за чоколади и повеќето меѓународни производители на производи направени од чоколада.

Фестивалските денови се исполнети со вкусни задоволства, промоции, забавни активности и многу изненадувања, како и дегустација на ретки видови на чоколада: темна, рубинова, солена…

Погледнете ја целосната агенда на фестивалот ТУКА.

Поврзани содржини