ВКУПНО 750.000 ЕВРА ЗА ПАТИШТА И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН Перински вели дека е оживеана Програмата за рамномерен развој

За овие проекти се издвоени  вкупно 44,9 милиони денари (околу 750.000 евра) од кои за енергетска ефикасност се обезбедени 33,8 милиони денари, за изградба на патна мрежа повеќе од  8,8 милиони денари и 2,3 милиони денари за дигитализацијата на основното образование преку поставување 23 современи табли.

246

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, извршија увид на тековните инвестиции што се реализираат преку Програмите за рамномерен регионален развој.

Во фокусот беа реализацијата на проектот за  подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот регион, изградбата на патната инфраструктура и дигитализацијата на образовниот процес.






За овие проекти се издвоени  вкупно 44,9 милиони денари (околу 750.000 евра) од кои за енергетска ефикасност се обезбедени 33,8 милиони денари, за изградба на патна мрежа повеќе од  8,8 милиони денари и 2,3 милиони денари за дигитализацијата на основното образование преку поставување 23 современи табли.

– Во Радовиш, пожарникарите добија поекономичен објект во кој можат мирно да ја вршат својата работа. Во Босилово и Василево движењето е полесно за сите – од ученици до земјоделци, се со цел да можеме брзо и безбедно да стигнеме до услугите што ни се важни. А во училиштата во неколку општини поставивме  современи табли, за наставата да биде поинтересна, поблиска до децата и поупотреблива во пракса – изјави  Перински.

Тој рече и дека е задоволен што владата покрај интервентната мерка преку двата јавни повика за поддршка на инфраструктурни проекти изнајде средства и другите програми како што е Програмата за рамномерен регионален развој да не замрат.

Со реализацијата на овие инвестиции се придонесува кон подобрување на условите за живот на граѓаните и се создаваат можности за одржлив локален развој на целиот Југоисточен регион.

Поврзани содржини