Вкупно 585 болни од ковид-19 се лечат во болница

Во болниците и инфективните оддделенија има околу 480 празни болнички кревети.

475

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 585 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството заздравство.

Вкупно 237 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град,додека во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 348 пациенти.






Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 237 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 5 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 7 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, Штип  35, Тетово 23, Велес 31, Куманово 47, Охрид 40, Прилеп 29,  Гостивар 15, Струга 18, Струмица  21, Кочани 4, Кичево 8, Кавадарци 41, Гевгелија 4 и во  Дебар 13.

 

Поврзани содржини