Вкупно 579 пациенти со ковид-19 се лекуваат во земјава

Во болниците и ковид центрите има 461 празни болнички кревети.

304

Вкупно 579 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците и ковид центрите. а има околу 461 празни болнички кревети. Во инфективните оддели  во Скопје се лекуваат 230 пациенти пациенти додека во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти. Ова го соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти. На интерните клиники имало 4 приеми.





Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти  и 7  на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, Штип 36, Тетово 25, Велес 30,  Куманово 45, Охрид 40, Прилеп 28, Гостивар 15, Струга 17, Струмица  22, Кочани 3, Кичево 8, Кавадарци 42, Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13..
Поврзани содржини