Вкупно 18 лица инфицирани со Ковид-19 во земјава
13 пациенти се сместени во инфективната клиника во Скопје, а пет се лекуваат во болницата во Дебар.Т
Нови 6 лица се позитивни на Ковид -19 во земјава. Денеска се тестирани .12 лица. Една пациентка која патувала со авион од Барселона патувала со заштитна опрема, но е инфицирана и затоа 51 патник кои патувале од Шпанија се во самоизолација наредните денови.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција попладнето.
– Во земјава има вкупно 18 дијагностицитани пациенти со Ковид- 19. 13 пациенти се сместени во инфективната клиника во Скопје, а пет се лекуваат во болницата во Дебар.Таму има соодветен кадар кој може да ги лекува. Сите се со лесна кличичка слика – соопшти Филипче.
Тој ги соопшти и другите мерки на Владата.