Вкупно 12 заболени досега, ќе се затворат и моловите

3,909

Вкупната бројка на заболени од коронавирус во земјава досега изнесува 12, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција во Владата.

– Една е од Скопје, седум се од Дебар и меѓу нив се првите двајца сопружници, три и плус двајца од втората група и четворица кои сега ги очекуваме од Дебар да стасаат .Една пациентка од Дебар на која и се влоши состојбата е ставена на респиратор. Пацинетката која беше првосзаболена во понеделник се пушта дома -рече  Филипче.






Тој рече дека во моментов се очекувааат новоинфицираните 4 лица од Дебар да стигнат во инфективната клиника во Скопје.

– Во новоинфицираните има и 15 годишно момче од Дебар. Седум лица се тестираатво моментов. Шест се од Дебар од нив 4 имале директен контакт со заболените. Брисеви се земени и од други лица. Уште едно лице странски државјанин преку ценатрот за здравеј во Битола се тестира .Има уште  двајца пациетоит кои се јавиле поради зголемена температура и биле во Шпанија. Тие ќе бидат тестирани – соопшти Филипче.

Тој рече дека во Дебар се организирана болницата со засилен тим на лекари и со изолирано одделение во кое ќе бидат примани сите граѓани кои ќе имаат симптоми за грип. Сите други лекари се во целосна подготвеност. Итните случаи исто како и до сега со специјална дозвола ќе бидат препраќани во Скопје или Струга.

Филипче информира и дека е договорен начинот на снабдување на апртеките во кризниот регион.

Тој, каско што рече,  ќе предложи денеска до Владата целосно да се затворат моловите.

 

Поврзани содржини