ВИЗЕР ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ЛЕТА НА 5 НОВИ ДЕСТИНАЦИИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ Авикомпанијата ја зголемува и флотата и вработените во Македонија

Авикомпанијата претходно најави уште 6 линии и со тоа од аеродромите од македонија ќе има вкупно 11 линии.

404

Од следната година Визер во соработка со владата воведува нови 5 авиолинии до главните градови во Европа, најавија денеска министерот за транспорт Александар Николоски и извршниот директор на авиокомпанијата Јозеф Варади. Три од линиите се од охридскиот, а 2 од скопскиот аеродром.

Авионите на компанијата од Охрид ќе се летаат до Катовице и Вроцлав Полска и за Милано, Италија. Линиите стартуваат од 28 јуни следната година






Две линии се планирани од скопскиот аеродром кои стартуваат на 6 април следната година. Едната е до  Наполи, Италија, а втората до Будимпешта, Унгарија.

Визер претходно најави дека од ноември и декември годинава воведува 6 нови линии и тоа: до Стокхолм, Мадрид, Келн, Бари, Прага и Ларнака.

Авиокомпанијата со тоа воведува 11 нови авиолинии.

Визер исто така ја зголемува флотата од 4 на 6 авиони од најновиот ербасов тип Нео.

Следната година компанијата ќе понуди 3,3 милиони седишта од Македонија.

Најавено е и зголемување на бројот на вработени на компанијата во Македонија. Тој ќе се зголеми за 100 нови работници со што вкупно ќе бидат 300 работници.

Визер со потпишувањето на договорот со владата ќе добива субвенции од 9 евра по патник на доаѓање од скопскиот и 12 евра од охридскиот аеродром.

Поврзани содржини