„ВИЗЕР“ ЈА ЗАТВОРА БАЗАТА ВО ВИЕНА Аеродромските такси биле превисоки
Авиокомпанијата ја отвори својата база во Виена во 2018 година и моментално лета со пет авиони „Ербас А321 Нео“ на 28 рути во 20 земји.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ ја напушта австриската престолнина, наведувајќи ги високите трошоци како причина.
– За жал, аеродромските такси во Виена, како и таксите и услугите за копно, значително се зголемија од нашето основање, што го прави продолжувањето на бизнисот неодржливо – вели Мауро Пенеда, генерален директор на „Визер Малта“.
Пенеда објасни дека на персоналот во Виена ќе им бидат понудени можности за вработување на други локации на „Визер“. Патниците со резервации на засегнатите летови ќе добијат поврат на парите во форма на кредит или ќе бидат пререзервирани на алтернативен лет.
„Визер“ ја отвори својата база во Виена во 2018 година и моментално лета со пет авиони „Ербас А321 Нео“ на 28 рути во 20 земји.