„VIVA L’OPERA!“ Концерт за Василица во НОБ

Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска - Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас).

499

Традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2022 насловен „VIVA L’OPERA!ќе се одржи в среда и в четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет.

Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.






Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Поврзани содржини