„ВИТКОФ Е ПРАТЕНИК НА ТРАМП ИЛИ НА ПУТИН?“ Киев бара смена на претставникот на САД поради неговата изјава за државноста на Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да преземе многу сериозни чекори, тој мора јасно да се дистанцира од овие изјави (изјавите на Стив Виткоф) бидејќи тие се многу опасни, тврди претседателот на Комитетот за надворешна политика на украинскиот Парламент, Олександр Мережко.

925

Пратеникот на Доналд Трамп, кој ги води преговорите за прекин на огнот, треба да биде сменет поради неговата изјава дека Украина е „лажна држава“, изјави претседателот на Комитетот за надворешна политика на украинскиот Парламент, Олександр Мережко.

Мережко го обвини Виткоф дека ја повторува пропагандата на Путин.






– Дали тој е пратеник на претседателот Трамп или… пратеник на Путин? – истакна Мережко.

Тој додаде дека Виткоф треба да биде сменет како претставник на Трамп бидејќи ги дискредитира САД и американската надворешна политика.

Според Мережко, Трамп треба да преземе многу сериозни чекори, тој мора јасно да се дистанцира од овие изјави бидејќи тие се многу опасни.

Во интервју со десничарскиот новинар Такер Карлсон, Виткоф ја посочи „основната причина“ на војната.

– Во Русија постои верување дека Украина е лажна држава, дека таа всушност е само мозаик од различни региони. Според мене, токму тоа е главната причина за оваа војна, фактот што Русија ги смета овие 5 региони за нејзина легитимна територија од Втората светска војна. Тоа е нешто за што никој не сака да зборува. Дали светот ќе препознае дека тоа се руски територии? Дали Зеленски може да преживее политички ако го признае ова? Тоа е централното прашање на овој конфликт – истакна Виткоф.

Поврзани содржини