„Виткањето кичма“ на Заев нè доведе до оваа будалесто весела ситуација

Филозофија на „виткање кичма“ дури и тогаш кога од тебе се бара тоа само онака, колку да се проба, ако се може.

4,378

Ако јас пишувам за Конески на денот кога прва тема е изборот на ликови за локалната самоупрвава, тоа го правам затоа што сакам да потсетам дека постои еден гранитен и здрав темел на етно-географскиот ентитет Македонија.

Тој темел се вика Блаже Конески. Кој го разбира тоа, заслужува да ја добие политичката власт.






Заев со неговата потесна политичка елита не покажа досега доволен интерс за тој темел и затоа неговите изборни резултати сега се такви какви што се. не мора простиот свет да го разбира тоа. Тој по чувство знае дака е така тоа и затоа така и постапува. Мошне силна индиција за тоа е, на пример, простиот факт што никаде го нема гласот и ликот на искусната и моше ценета надвор Радмила Шеќеринска. тоа важи и за некои други ликови од т.н. интелектуално крило на СДСМ кое ги маргинализира до елиминиција сегашната оператива на г. Зоран Заев.

Што се однесува до неговиот успех со Преспанскиот договор, тука не треба се минимизира заслугата на Никола Димитров, кој успеа да го спаси тоа што сигурно би го продал Заев кога тој би преговорал со Коѕијаз. Филозофијата на Димитров е: првин да си го суредиме државичево. Филозофијата на Заев е: Европа и НАТО ќе ни го суредуваат државичето. Првата филозофија е логичка и достоинствана. Втората, онаа на Заев е филозофија на „виткање кичма“ дури и тогаш кога од тебе се бара тоа само онака колку да се проба ако се може.

Ете, од тие причини нашата сегашна политичка ситуација е будалесто весела и трагикомочна.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини