ВИСТИНСКО ЛУДИЛО НА „ЕНФИЛД“ Ливерупл со „петарда“ дојде до 20 титули во Англија

Дијаз, МекАлистер и Гакпо набрзина постигнаа три погодоци и ставија јасно до знаење дека попладнево и вечерва ќе се слави титулата во Ливерпул, а печат на победата само ставија Мо Салах и Удоги со автоголот во вториот дел.

170

Ливерпул ја потврди доминацијата во Премиер лигата со ново уверливо издание на домашен терен, а победата од 5:1 над Тотенхем значи дека клубот од „Енфилд Роуд“ ја завери 20 титула во домашното првенство.

Шампионското расположение во градот Ливерпул беше евидентно уште пред стартот на натперварот со „петлите“, па иако гостите поведоа со голот на Соланки, многу брзо следеше брутален одговор од најдобриот тим во Англија.






Дијаз, МекАлистер и Гакпо набрзина постигнаа три погодоци и ставија јасно до знаење дека попладнево и вечерва ќе се слави титулата во Ливерпул, а печат на победата само ставија Мо Салах и Удоги со автоголот во вториот дел.

„Црвените“ станаа само седми тим во историјта која ја заверил титулата на четири кола пред крајот, што само потврдува дека момците на Арне Слот не наидоа на сериозен ривал оваа натпреварувачка сезона.

20-та титула значи дека Ливерпул го израмнува рекордот на Манчестер Јунајтед по бројот на освоени титули во домашното првенство, но истовремено значи и прекин на доминацијата на Манчестер Сити кој освои четири трофеи во низа.

Головите може да ги погледнете тука.

Поврзани содржини