ВИСТИНСКО ЛЕТО ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Следната седмица температури до 36 степени

Температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 36 степени, пишува Славчо Попоски.

2,095

По долго очекување, конечно љубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во текот на целата наредна седмица, Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка.

Во ваква ситуација температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 36 степени.






Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини