Денес и утре во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.
Во недела пак на 19 април 2026 во Македонија времето ќе биде насекаде стабилно, суво и претежно сончево со мала до умерена локална облачност а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина.
Целата прогноза може да ја прочитате на следниот ЛИНК.