ВИСТИНСКИ ГОСПОДИН Принцот Хари ги воодушеви луѓето со романтичниот гест за Меган (ФОТО)

Откако ги погледнаа цвеќињата што Британците ги оставија за кралицата и се поздравија со луѓето, Хари пред да влезе во автомобилот направи нешто што стана топ тема на Твитер.

1,346

Принцовите Вилијам и Хари завчера дојдоа заедно со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл пред замокот Виндзор и примија изрази на сочувство. Според кралските извори, принцот Вилијам лично ги поканил Хари и Меган да им се придружат на прошетката.

Тоа беше нивно прво појавување во јавноста по долго време, а Хари ги воодушеви кралските обожаватели со романтичниот гест за својата сопруга Меган.






Откако ги погледнаа цвеќињата што Британците ги оставија за кралицата и се поздравија со луѓето, Хари пред да влезе во автомобилот направи нешто што стана топ тема на Твитер. Откако славната четворка ја заврши својата прошетка и за последен пат им мавна на насобраните луѓе, принцот Хари брзо отиде да ѝ ја отвори вратата од автомобилот на својата сопруга.

 


Корисниците на Твитер не го пропуштија тој момент и сега го фалат поради тоа.

„Хари ѝ ја отвори вратата на Меган, а Вилијам само ја игнорираше сопругата Кејт и влезе во автомобилот како да ја нема, знам кого да поддржувам меѓу браќата“, „Хари ја отвори вратата од автомобилот за Меган и се врати на другата страна за да влезе во автомобилот. Мој тип на господин“, „Ги обожавам како пар“, „Ако мојот дечко не биде таков, не го ни сакам“, „Иако постојат луѓе кои им ги отвораат вратите, Хари сепак отиде да ѝ ја отвори вратата на Меган. Тоа е редовна работа што ја прави. Вистински џентлмен“, се дел од коментарите.

 


Еден корисник на Твитер заклучил: „Забележете како Хари ја допира Меган, ѝ дава љубов и поддршка. Освен тоа, тие се држеа за раце речиси цело време, тој ѝ ја отвори вратата од автомобилот. Љубовта помеѓу нив е силна. Вилијам и Кејт се оддалечени, не покажа наклоност кон неа“.

 

ФОТО: Јутјуб/Твитер

Поврзани содржини