ВИСТИНСКИ ДЕТЕКТИВ Три детали го откриле дека ја изневерува девојката (ФОТО+ВИДЕО)

Дали на моето чело пишува дека сум будала? - прашува Меган во пораката, а потоа го објави сето тоа на „ТикТок“.

483

Не постои добар начин да откриете дека партнерот ве изневерува, но едно од најнеобичните е кога тој самиот ќе ви го открие – случајно!

Тоа и се случило на една девојка по име Меган Мери, на која момчето и испратил фотографија како „доказ“ дека ужива со пријателите додека го гледа преносот на Олимписките игри, но немаше поим дека неговата девојка е вистински детектив.






Имено, поради трите детали на фотографијата, Меган веднаш сфати дека тој ја лаже и дека е со друга девојка.

Првото нешто што го забележала е книга за историјата на модната куќа „Шанел“, која е под телевизорот. Потоа, во огледалото на ТВ-фиоките, ги забележала нозете на жена кои се делумно покриени со ќебе, како и чаша со наточено вино.

– Дали на моето чело пишува дека сум будала? – прашува Меган во пораката, а потоа го објави сето тоа на „ТикТок“.

Многумина го пофалија нејзиното „детективско око“, а многу девојки во коментарите напишаа дека го доживеале истото.

Поврзани содржини