ВИСОКОТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ НАЧИНОТ КАКО ДА РАСТЕ ЕКОНОМИЈАТА Ангел Анѓушев во поткастот „Бизнис клуб“ говори за тоа како напредувал во кариерата

Ангел Анѓушев, оперативен директор на Грин Машинс на БРАКО, смета дека тоа е рецептот за развој на економијата во Македонија, и дека земјава не би требало да се нуди само како место каде има евтина работна сила.

422

Македонските фирми треба да целат кон тоа повеќе да произведуваат производи со висока технологија и повисока додадена вредност во нив, бидејќи така ќе имаат и подобра заработка, ќе има и за подобри плати за вработените и за поредовно плаќање даноци кон државата, изјави Ангел Анѓушев во поткастот на Стопанската комора со Бранко Азески.

Ангел Анѓушев, оперативен директор на Грин Машинс на БРАКО, смета дека тоа е рецептот за развој на економијата во Македонија, и дека земјава не би требало да се нуди само како место каде има евтина работна сила.






Тој ги сподели искуствата од своето школување на универзитетите во Германија и во Австрија, предностите да се открие како функционираат и како се организирани поразвиените општества и економии, извозот на Грин Машинс низ целиот свет, преку кој се има увид и во работните навики во други култури, од каде секогаш може да се земе добар пример за дома.

Иако по одлука на неговиот татко, Ангел ја почнал својата работа во БРАКО во, според него, најтешкиот дел од фабриката, а тоа е производството на жица и жичени производи, вели дека тоа било значајно и корисно искуство за него како машински инженер, додека денес е оперативен директор на технолошки најнапредниот дел од фабриката, програмата за производство на возила за чистење на водороден, електричен и класичен погон.

Во овој контекст, во однос на енергетската транзиција, Ангел Анѓушев смета дека таа треба да се реализира правилно, меѓу другото и со инвестирање во напредни технологии кои треба да го направат животот на луѓето подобар, давајќи ги за пример електричните и водородните возила за чистење на Грин Машинс кои одржуваат хигиена во урбани средини со нула загадување од нивното работење.

Ангел Анѓушев во поткастот зборуваше и за традицијата за наследување семејни имиња, за своите предци кои биле претприемачи уште пред еден век, како и за општествената одговорност на компаниите Фероинвест и БРАКО денес преку помагање во спортот, образованието, здравството, верски објекти итн.

Поврзани содржини