ВИСОКО ПРИЗНАНИЕ ЗА РАБОТАТА НА НАРОДНА БАНКА „Комерцбанк“ ѝ ја додели наградата за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи
Главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработените трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ.
Народната банка по вторпат е добитничка на наградата на „Комерцбанк“ за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи и на трансферите со финансиските институции во меѓународниот платен промет.
Народната банка признанието го доби во конкуренција со голем број финансиски институции и компании на меѓународно ниво.
Главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработените трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ.
– Оттука, таа претставува и признание за високата усогласеност со меѓународните стандарди на СВИФТ за автоматизирана електронска обработка на прекуграничните комерцијални плаќања и финансиските трансфери без потреба од рачна интервенција, што придонесува за висока ефикасност при обработката на плаќањата. Оваа награда ја одразува и цврстата определба на Народната банка за постојано вложување во ресурси за унапредување на интерните системи, со цел да биде во чекор со најновиот технолошки развој во финансиската и особено во платежната сфера – велат од Банката.
Соработката меѓу Народната банка и „Комерцбанк“ од Германија е во доменот на извршувањето на плаќањата со странство за државата и државните органи, како и во процесот на порамнување трансакции поврзани со управувањето со девизните резерви, каде што „Комерцбанк“ е кореспондентна банка на Народната банка за прекуграничните плаќања.