ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО СВЕТОТ „ЗАГРИЖУВАЧКИ“ Експертите предвидуваат дека сегашните рекорди наскоро ќе бидат срушени

Верувам дека овој рекорд ќе се повтори многу пати. Ова потврдува дека екстремните климатски модели се покажале како точни, вели експертот Хју.

339

Експертот за климатски промени Нгуен Нок Хуј рече дека новиот рекорд од 44 степени во Виетнам е „загрижувачки“, со оглед на контекстот на климатските промени и глобалното затоплување.

– Верувам дека овој рекорд ќе се повтори многу пати. Ова потврдува дека екстремните климатски модели се покажале како точни – рече тој.






Би-Би-Си истакнува дека светот се загреал за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите не направат клучни промени за итно намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Во март оваа година, научниците за климатски промени рекоа дека клучната цел за глобална температура најверојатно ќе биде пропуштена.

Во април, Шпанија ја забележа најтоплата температура досега за тој месец, од 38,8 степени Целзиусови на аеродромот во Кордоба на југот на земјата.

Поврзани содржини