ВИСОКИ ШТИКЛИ, БЕЗ ЧОРАПИ Винo, деликатеси, мода и музика
На 12 септември (четврток), љубителите на вино ги очекува уште еден убав настан во кој виното ќе биде во главната улога на сцената која, овојпат, наместо со поглед на езеро, ќе биде со поглед од 360 степени – на Скопје. Затоа, како што би рекле организаторите: „Спремајте ги штиклите, мажи, чаши и вино, ќе има доволно!“
Од вино никогаш не е доста!
Наскоро, поточно, на 12-ти септември, на прекрасниот Ragusa 360 Rooftop, ќе се одржи шестото издание на „Вино на штикли“.
Оттука нема поглед на Езеро, ама има одлична атмосфера под ѕвездите во која ќе уживаат винољупците со своите најдобри пријатели, винарите.
Станува збор за најгламурозниот вински настан во Македонија, каде гламурот и виното се спојуваат во совршена хармонија.
А ако се прашувате од каде мода и вино заедно, само сетете се дека токму имињата на сортните вина модните креатори веќе долго време ги користат како имиња на бои.
На пример, многу често, наместо бордо, знаеме да кажеме бургоњ, наместо крем боја – шампањ.
Модата е вечна инспирација, па така е и во винскиот свет.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.