ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА РАСТЕ, БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НИКАКО Евроамбасадорот Гир ги нагласи критиките од извештајот на ЕК

Кај борбата со корупција не е забележан напредок. Забележуваме случаи на корупција на високо ниво кои се зголемуваат. Тоа резултира со застарување на делата, што предизвикува голема загриженост – рече евроамбасадорот.

126

Со низа критики евроамбасадорот Дејвид Гир го презентираше извештајот на Европската комисија за Македонија на заедничка прес конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Според Гир, извештајот е искрен и правичен и доаѓа во момент кога има значајна динамика во однос на проширувањето.

– Се искажува загриженост во врска со политичката поларизација, особено во гласањето на реформите. Процесот за проширување во ЕУ бара консензус за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна, некогаш и непотребна употреба на ЕУ знаменцето. Има злоупотреба на знаменцето за Кривичниот законик и за законите за коридорите 8 и 10д. Во владеењето на правото не е забележан прогрес. Се забележува недостиг на доверба кон судиите, но и разрешувањето на екс-претседателката на судскиот совет. Повикуваме да се усвојат препораките, а потсетуваме и на препораките од претходните години кои не беа имплементирани – вели Гир.






Евроамбасадорот посочи и дека нема никаков напредок во борбата со корупцијата, но и зголемена корупција на високо ниво.

Кај борбата со корупција не е забележан напредок. Забележуваме случаи на корупција на високо ниво кои се зголемуваат. Тоа резултира со застарување на делата, што предизвикува голема загриженост. Извештајот ја пофали работата на ДКСК и ДЗР, но повикува препораките да се следат од страна на двете. Има ограничен напредок кај државната администрација. Условите во затворите и натаму се лоши, особено во Идризово. Извештајот повикува посебни напори да се вложат во промовирање на недискриминација. Извештајот изразува и сериозна загриженост во врска со антиродовите кампањи – посочи Гир.

Toj го посочи и менувањето на Уставот, односно дека односите со Бугарија се исклучиво во рацете на Македонија.

– Сите јасно разбираме дека проширувањето е во наш, заеднички интерес. Сакаме Македонија да ја искористи оваа динамика. Извештајот доаѓа со можности. Сакаме Македонија да ја искористи оваа можност. Извештајот е на 120 страници и е многу сеопфатен. Севкупно, извештајот во врска со политичките критериуми, ја поддржува државата да продолжи – истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

Поврзани содржини