ВИСОК ВОДОСТОЈ ВО ВАРДАР И ВО ТРЕСКА И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА Можна опасност за времените мостови на Треска

893

Во текот на вечерва и ноќва ќе се задржи високиот водостој во горниот тек на реките Вардар и Треска. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ земјата.

Поради големите води и брзини на течење на водата во реката Треска можат во опасност да бидат дел од времените мостови по течението на реката, наведуваат од УХМР.






Во текот на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението.

На истокот од земјата состојбата е мирна. Единствено посериозно зголемување на водостојот имало во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица како резултат на зголемените притоки.

Поврзани содржини