ВИСОК РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ЕУ На Унгарците лебот им поскапел за 66 отсто, а на Французите само за 8 отсто

Европската статистика  како главни причини за повисоките цени на лебот, зеленчукот и месото ги гледа во војната во Украина.

360

Во август 2022 година, цената на лебот во ЕУ беше во просек за 18 отсто повисока од август 2021 година. Ова е огромен пораст во споредба со август 2021 година, кога цената на лебот беше во просек за 3% повисока од август 2020 година. Месечни податоци исто така, покажуваат значително зголемување на вкупната инфлација, иако не толку голема (од +3% на +10%), објави Евростат.

Европската статистика  како главни причини за повисоките цени на лебот, зеленчукот и месото ги гледа во војната во Украина.






„Лебот, зеленчукот, месото – храната поскапе. Цените на маслата и мастите за готвење особено нагло се зголемија, но важната главна храна, како што е лебот, исто така стана значително поскапа. Ова особено се должи на руската инвазија на Украина, која значително ги наруши глобалните пазари бидејќи Русија и Украина беа главни извозници на житарки, пченица, пченка, маслодајни семиња (особено сончоглед) и ѓубрива“, се вели во соопштението на Евростат.

Некои земји се многу повеќе погодени од другите. Највисока просечна стапка на промена на цените на лебот е забележана во Унгарија (+66% во август 2022 година), потоа Литванија (+33%), Естонија и Словачка (и двете +32%).

Најниска просечна стапка на промена на цените на лебот е забележана во Франција (+8% во август 2022 година), Холандија и Луксембург (и двете +10%).

 

Поврзани содржини