Вирусот во Италија конечно се забавува, наредните денови клучни во борбата!

Се очекува кривата на новозаболени да паѓа побрзо во текот на следните пет до шест дена, додека бројот на смртни случаи неколку дена подоцна.

3,157

Забавувањето на ширењето на ковид-19 во Италија е добар показател и експертите очекуваат врв на епидемијата во земјата во текот на оваа недела, пишува српски Б-92, повикувајќи се на агенцијата Танјуг.

– Оваа недела и неколку дена после тоа се одлучувачки, бидејќи ова е временскиот период кога мерките преземени од италијанската влада пред 15-20 дена се очекува да дадат резултати, а се очекува дa видиме кривата на новозаболени да паѓа побрзо во текот на следните пет до шест дена, додека бројот на смртни случаи неколку дена подоцна – изјави за италијанското радио Капитал висок функционер на Светската здравствена организација.






Во Италија, каде што бројот на нови случаи и смртноста се објавуваат секојдневно од 18 часот, според вчерашните податоци, четврти ден по ред се регистрира пад на бројот на нови пациенти со коронавирус. Во неделата имало 3.957, во понеделникот 3.780, во вторникот 3.612, а во средата 3.491 нови случаи на заразени.

Поврзани содржини