Вирусот урива рекорди: 35 новозаболени се од Скопје, а 27 од Штип

Регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

3,440

Триесет и пет од новозаболените со ковид-19 во изминатото деноноќие се од Скопје, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Дваесет и седум се од Штип, 12 од Куманово, седум во Тетово, во Кочани 4. По еден има од Прилеп, Гостивар, Струмица и од Свети Николе.





 

Од седумтемина починати, по двајца се од Скопје, Куманово и од Тетово и еден е од Струга.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје 2, Прилеп 12, Велес 3.

Направените 727 теста се преку: ИЈЗ 446, ЦЈЗ Скопје 53,  Клиника „Жан Митрев“ 9, Систина со PCR метода 117 и МАНУ 102. Досега во земјата се направени вкупно 30.302 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани содржини