Вирусологот Пановски: Пик на коронавирусот во Македонија ниту имало, ниту ќе има

11,140

Докторот вирусолог Никола Пановски, спротивно на она што го очекуваат здравствените власти вели дека пик на коронавирусот во Македонија ниту имало, ниту ќе има.

Тој за телевизија Алфа  вели дека оваа болест ќе трае и понатаму, без да има некој посебен пик.






– Според мене пик нити имаше, нити ќе има се е тоа едно плато кое трае веќе две недели или можеби повеќе, имаше некои денови кога беше 107 заразени, па имаше многу малку зависно од тоа што селектираат за испитување и колкав е број на тестовите. Просек е 10 проценти од тестовите да се позитивни, последниве гледаме процентот е понизок, иако има малку тестирања, процентот е под 5 посто, така што мислам дека е поминат пикот ако воопшто имало пик – вели Пановски за Алфа.

Тој вели дека олабавување на полицискиот час е многу подобра опција. Според него, многу подобро ќе беше доколку воопшто не се воведуваше толку ригорозен полициски час.

– Мислам дека помалку ќе се заразуваат, сега кога е од 19 часот, отколку од 16, бидејќи помалку ќе се гужваат луѓето, кога се враќаат од работа, кога одат по продавници. Мислам дека ова е пологично, мислам дека не требаше воопшто да се воведува до 16 часот – вели Пановски.

Поврзани содржини