Вирус му го оштетил мозокот, се сеќава само 7 секунди
Исто како и смртта. Не знам кога е ден или е ноќ, немам мисли, немам соништа, немам ништо – вели Клајв.
Клајв Веринг е Британец со најлош случај на амнезија во светот. Некогаш познат диригент и музичар, во 1985 година преживеал опасен вирус кој му го оштетил мозокот. Животот му го спасиле, но мозокот му е толку оштетен па Клајв успева да запомни само седум секунди.
Во далечната 1086 година целиот свет слушна за Клајв откако бил снимен документарецот за неговата необична болест. Откако добил висока температура утврдено е дека има посебен вирус кој му го уништува мозокот. Успеале да му го спасат животот, но вирусот направил голема штета. Откако се опоравил, лекарите утврдиле што се случило. Човекот останал без сеќавања, а во ретки моменти Клајв зборувал дека преживува пекол.
Жив е и денеска, сместен е во посебна установа која се грижи за луѓе со оштетување на мозокот. Тоа што е фасцинантно е дека Клајв перфектно свири клавир. Се сеќава на малку работи, а една од нив е неговата сопруга. Се сеќава и на својте деца, иако и понатаму мисли дека се во училиште и не може да се сети на нивните имиња.
– Штом си одам од кај него добивам куп пораки кои гласат исто. Дојди што побрзо, те сакам, само јави ми се. Тој не знае ни дека сме се виделе, ниту дека ме побарал, ако излезам од просторијата и повторно влезам тој се водушевува како првпат да ме гледа. Секој ден зборуваме исто, не знае ништо но мене ме помни – вели неговата сопрга Дебра, пренесува CDM.
Клајв за да си помогне на своето сеќавање води дневник, но сето тоа воопшто не му помага. Секој пат кога е свесен дека е буден тој го запишува времето и пишува како се чувствува во тој момент. Но по неколку минути тој повторно станува свесен дека е буден, па го пречкртува претходно напишаното и додава сега сум буден, не го читај ова претходното.
Иако го снимале две недели, Клајв секогаш се изненадувал кога ќе ги видел репортерите кај него. Постојано се запознавале, а разговорот кој требало да биде снимен за 30 минути, снимен е две недели.
По девет години го напуштила сопругата бидејќи не можела да живее со него. Но по повеќе од деценија му се вратила. Кога ја видел, реагирал како да е првпат, не знаел дека ја немало повеќе од една деценија, пренесува CDM.
Поради болеста често има халуцинации, а од исклучително интелегентен човек не останало ништо, вели еден од неговите синови.
– Исто како и смртта. Не знам кога е ден или е ноќ, немам мисли, немам соништа, немам ништо – вели Клајв.