„Виолетовите“ го бркаат Рибери
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, клубот од Фиренца одлучил да не го продолжи договорот со 38-годишниот Французин.
Фудбалерот за врска на Фиорентина, Франк Рибери ќе го напушти клубот, објави новинарот Николо Шира.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, клубот од Фиренца одлучил да не го продолжи договорот со 38-годишниот Французин.
Виолетовите му го понудија играчот на Лацио, но римскиот клуб не е заинтересиран за фудбалерот со богата кариера.
Минатата сезона Рибери одигра 30 натпревари, на кои постигна два гола и направи шест асистенции.