ВИНСКА ЕЛЕГАНЦИЈА ВО СРЦЕТО НА ДЕБАР МААЛО Вкусови од Provence и препознатливиот стил на Peyrassol 

Гостите имаа исклучителна можност да дегустираат четири внимателно селектирани вина од Peyrassol портфолиото: Château Peyrassol Rosé, Lou Rosé, Lou White и La Croix White.

73

Вo ресторанот SushiCo, Дебар Маало, се одржа ексклузивната винска вечер „Peyrassol Wine Tasting and Food Pairing“, организирана од Alchemist, официјалниот увозник на француската винарија Château Peyrassol.

На настанот присуствуваа љубители на премиум вина и пријатели на брендот. Вечерта започна во 19:30 часот со welcome drink, подготвен специјално да ја најави атмосферата на францускиот стил и гастрономија. Гостите имаа исклучителна можност да дегустираат четири внимателно селектирани вина од Peyrassol портфолиото: Château Peyrassol Rosé, Lou Rosé, Lou White и La Croix White.






Со својата експертиза вечерта ја отвори сомелиерот Јадранка Клариќ Кимовска, која ги воведе присутните во историјата на винаријата Peyrassol, позната по своите органски лозја. Специјални гости на настанот беа претставниците на винаријата, Karim Chauvin и Albin Cacaret, кои лично ги презентираа вината, зборувајќи за регионот Provence и препознатливиот стил на Peyrassol.

Кулинарскиот тим на SushiCo подготви деликатесни комбинации кои им овозможија на гостите вистинско гастрономско доживување во хармонија со вината.

Програмата беше збогатена со музички сет на DJ, кој ја одржа атмосферата енергична и опуштена до самиот крај на вечерта.

Со оваа винска вечер, Alchemist уште еднаш го потврди својот фокус кон врвни светски брендови, создавајќи уникатни моменти и нови вински искуства за македонската публика.

Поврзани содржини