ВИНОВЕН ЗА ИЛЈАДНИЦИ ЕВРЕИ ИСПРАТЕНИ ВО ТРЕБЛИНКА Бугарското здружение не може да се вика „Цар Борис III“, одлучи Комисијата

Комисијата смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

426

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид.

На денешната седница Комисијата, како што информираат од Министерство за правда, даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид.






„Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе решение по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата“, се вели во соопштението.

Комисијата, се вели во соопштението, смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

„Се наведе дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини