ВИНОТО Е ХРАНА, ВИНОТО Е ЉУБОВ, ВИНОТО Е МЕДИУМ… Скопскиот вински салон „Винодонија“ на 8-ми и 9-ти декември ве чека во „Мериот“
Винарите велат дека основата на „танцот со виното“ е да се направи првиот чекор, да се најде совршено место за лозје. Зошто е важно? Сигурно веќе сте слушнале дека виното всушност се прави во лозјето. И дека нема добар оцет од лошо грозје! Да, да, за ова, за виното, за сортите, за лозјето и за вистината ќе слушнете и ќе научите уште многу од винарите, енолозите, сомелиерите, но и од самите себе – на седмото издание на „Винодонија“
Седмото издание на скопскиот вински салон „Винодонија“, годинава повторно во хотелот „Мериот“, во центарот на градот. На 8-ми и 9-ти декември токму тука ќе се соберат сите вљубеници во виното бидејќи „Винодонија“ стана традиција.
Многумина ја нарекуваат – рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст и промовира добри вина, но Винодонија е настан што покрај ова, има и едукативен карактер и со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.
Затоа, за два дена на „Винодонија“ ќе се случат 6 работилници:
„Во светот на винските меурчиња“, „Вертикална дегустација на виното Орле Вранец од винарија Венец“, „Кратошија – винскиот светски патник“, „Запознај ја винска Јужна Африка – егзотично винско патување –“, „Вертикална дегустација на Ten Barrels Cabernet Sauvignon од винарија Камник“ и „Хоризонтална дегустација на вината од линијата Constellation од винарија Имако“.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.