Винона Рајдер и Пенелопе Круз застанаа во одбрана на Џони Деп: Тој не е насилник

650

Холивудските ѕвезди Пенелопе Круз (45) и Винона Рајдер (48) застанаа во одбрана на актерот Џони Деп (56), кој веќе долго време се „влече“ по судски установи со поранешната сопруга, актерката Амбер Херд (33).

Драмата на поранешните сопружници не престанува, а сега во одбрана на својот колега застанале и Винона и Пенелопе, наведувајќи дека тие не го гледаат Деп како насилник и дека тоа, едноставно, им е незамисливо.






За потсетување, Џони Деп поднесе тужба против поранешната сопруга Амбер Херд, во која ја тужеше за клевета откако во големото интервју за „Вашингтон пост“ таа се претставила себеси како жртва на семејно насилство и злоставување.

Актерките, откако потпишале изјава, ќе сведочат на суд во корист на Деп.

„Свесна сум дека Амбер во последните неколку години го обвинуваше Деп за семејно насилство, но од моето искуство со Џони, не можам да го поврзам тоа со него. Не сакам никого да нарекувам „лажго“, но не верувам дека тие ужасни работи кои му се припишуваат се вистинити. Особено ме вознемирува тоа бидејќи го познавам исто толку добро како и Амбер”, напишала Винона во својата изјава која се наоѓа во судските документи, пренесува магазинот „Пипл“.

Исто така и Пенелопе има сличен став за својот колега и добар пријател кој го познава долги години. Таа имала само 19 години кога го запознала Деп.

– Оттогаш поминаа многу години, но можам да кажам дека, освен што снимивме три филма, тој остана мој многу драг пријател. Отсекогаш ме импресионираше неговата љубезност, бистар ум и талент, и особено смислата за хумор – навела Круз.

Поврзани содржини