ВИНАТА ЗА СВЕТСКИОТ ХАОС Е ВО „КРАУДСТРАЈК“?! Која е оваа компанија и што се нејзините цели?

„Краудстрајк“ е компанија за сајбер безбедност основана во 2011 година, со цел да ги заштити најголемите светски компании и нивниот хардвер од сајбер закани и ранливости.

1,084

Сè уште не е познато што го предизвикува дефектот на ИТ системите што ги погодува компаниите ширум светот, но постојат сомнежи во компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike), пишува Би-Би-Си.

Претходно денеска „Американ ерлајнс“ обвини за „технички проблем со „Краудстрајк“, а сега и швајцарската канцеларија за сајбер безбедност покажува со прст кон компанијата.






„Краудстрајк“ е компанија за сајбер безбедност основана во 2011 година, со цел да ги заштити најголемите светски компании и нивниот хардвер од сајбер закани и ранливости.

Специјализирана е за заштита на безбедноста и се обидува да спречи злонамерен софтвер или датотеки да ги погодат корпоративните мрежи од уредите што се поврзани со нив, како што се телефоните и лаптопите.

Таа, исто така, има за цел да ги заштити податоците на компаниите кои се префрлија од нивна лична сајбер безбедност поставена на нивните сопствени сервери, на таканаречената „безбедност на облак“.

Фирмата, со седиште во Тексас, е основана од претприемачите Џорџ Курц, кој останува главен извршен директор, и Дмитриј Алперович.

Откако беше лансирана, компанијата навидум одигра клучна улога во помагањето на фирмите да ги истражат сајбер-нападите.

– „Краудстрајк“ активно работи со клиенти погодени од дефект пронајден во едно ажурирање на содржината за корисниците на „Виндоус“. Корисниците на „Mек“ и на „Линукс“ не се засегнати. Ова не е безбедносен инцидент или сајбер напад. Проблемот е идентификуван, изолиран и спроведена е поправка. Ги упатуваме клиентите на порталот за поддршка за најновите ажурирања и ќе продолжиме да обезбедуваме целосни и континуирани ажурирања на нашата веб-страница. Понатаму им препорачуваме на организациите да се осигураат дека комуницираат со претставниците на „Краудстрајк“ преку официјални канали. Нашиот тим е целосно мобилизиран за да обезбеди безбедност и стабилност на клиентите на „Краудстрајк“ – изјави извршниот директор на „Краудстрајк“, Џорџ Курц.

(ВО ЖИВО) ЦЕЛ СВЕТ Е ВО ХАОС ПОРАДИ КОМПЈУТЕРСКИ ДЕФЕКТ Засегнати се аеродромите, возовите, банките, британските медиуми, а погоденa е и берзата

Поврзани содржини