Селмани: Вината не треба да се бара во Комисијата, тие се прекрасни експерти
Подобри од нив немаме и не може да донесеме, зошто ја знаат проблематиката. Грешката е во неспроведувањето на мерките - истакна Селмани.
Имер Селмани во денешното гостување во отвореното студио на „ТВ 24“ како поранешен министер за здравство очекува дека ќе има светла страна, односно да се намали вирулентноста на вирусот. Според него ние како држава може да се гоордееме дека сме слични со Хрватска по бројот на направените тестови.
– Тогаш е поголема веројатноста да се открие заразен, дури и кој е асимптоматичен. Вината не треба да се бара во Комисијата за заразни болести. Лично ги познавам и се прекрасни експерти. Подобри од нив немаме и не може да донесеме, зошто ја знаат проблематиката. Грешката е во неспроведувањето на мерките – истакна Селмани.
Селмани рече дека ни се погодило времето на пандемијата да се совпадне со техничката влада и како да имало сопки помеѓу институциите. Техничката влада е една од причините поради неспроведувањето на мерките. За разлика од нас, останатите земји, спровеле ригорозни мерки што резултирало со намалување на бројот на заразените. Нашето здравство соодветно одговорило на потребите.