Вимблдон од вторник продолжува пред полни трибини

285

Организаторите на најголемиот светски тениски турнир Вимблдон соопштија денеска дека почнувајќи од четвртфиналните натпревари во поединечна конкуренција ќе дозволат влез на гледачи во полн капацитет на трибините согласно олеснувањето на анти-ковид мерките.

Вимблдон стартуваше во понеделникот со дозволен влез на гледачи до 50 отсто од капацитетот на трибините, а веќе од вторник, кога на програмата се првите четвртфинални натпревари, на централниот и теренот број 1. ќе биде дозволена максимална исполнетост на трибините. Со тоа, турнирот во Вимблдон ќе стане првиот спортски настан во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирус на кој ќе биде дозволен максимален број гледачи.






Британската Влада претходно одлучи да го користи грен-слем турнирот во Лондон како пилот – проект за безбедно враќање на публиката на спортските натпреварувања.

Поврзани содржини