ВИЛИЈАМ И КЕЈТ ЈА ПРОСЛАВИЈА 12-ГОДИШНИНАТА ОД БРАКОТ Романтична фотка го „покрива“ нетрпението меѓу двата принца пред крунисувањето на Чарлс

„Вилијам никогаш повеќе нема да му верува на Хари. Како можеше? Вистината е дека Вилијам сега апсолутно го мрази Хари и никогаш нема да му ја прости штетата што му ја нанесе на семејството“, вели извор близок до кралското семејство.

1,027

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на Инстаграм објавија фотографија по повод 12-годишнината од бракот.

На фотографијата кралската двојка е на велосипеди, под синото небо на сончево поле.






Вилијам и Кејт се венчаа на денешен ден во 2011 година, со што ја крунисаат десетгодишна врска која започна кога и двајцата беа студенти во Шкотска. По венчавката, тие добија три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Во добро расположение го очекуваат претстојното крунисување на кралот Чарлс на 6 мај.

Сепак, принцот Вилијам има големи маки со својот помлад брат Хари. Довербата меѓу двајцата се чини целосно потоа откако неодамна се откри дека на Вилијам о 2020 година му била платена „многу голема сума“ пари од сопствениците на британскиот медиум „Сан“ за да не ги тужи дека му го прислушкувале телефонот.

Иако порано браќата биле најдобри пријатели, сега меѓу нив е готово, а Вилијам изгубил секаква доверба во својот помал брат Хари, тврди добро упатен избвор за британски медиуми.

„Вилијам никогаш повеќе нема да му верува на Хари. Како можеше? Вистината е дека Вилијам сега апсолутно го мрази Хари и никогаш нема да му ја прости штетата што му ја нанесе на семејството“, вели изворот.

Како што веќе е познато, Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, нема да биде присутна на крунисувањето на нејзиниот свекор, кралот Чарлс, како ни нејзините две деца, кои ги доби од бракот со принцот Хари. Таа ќе остане во куќата во Монтесито, Калифорнија, каде ќе го прослави четвртиот роденден на принцот Арчи, додека Хари ќе дојде во Англија за да го поддржи својот татко.

ВИЛИЈАМ ПРИМИЛ МИТО ОД МЕДИУМИ КОИ ГО ПРИСЛУШУВАЛЕ Браќата војводи се тужат со најголемите британски весници

Поврзани содржини