Вилијам и Хари забoравија на кавгите и ја открија статуата на нивната мајка (ФОТО)

651

По повод одбележувањето на 60 години од раѓањето на принцезата Дијана, нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, вчера ја открија статуата во нејзина чест во палатата Кесингтон.

Принцовите ја нарачале статуата уште во 2017 година.






Браќата, чии расправии во последно време добија големо медиумско внимание, заедно ја открија статуата на нивната покојна мајка во омилената градина на нејзиниот поранешен дом, палатата Кенсингтон во центарот на Лондон.

Леди Ди почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

„На денот кога би го прославиле нејзиниот 60-ти роденден, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер, квалитетите што ја направија сила добра за целиот свет,натераа да прави добро низ целиот свет, менувајќи безброј животи на подобро. Секој ден сакаме сѐ уште да е со нас и се надеваме дека оваа статуа засекогаш ќе биде симбол на нејзиниот живот и наследство“, навеле во соопштението принцовите, пренесува Ројтерс.

На Вилијам (39) и Хари (36) им се придружија на малата приватна церемонија вујко им Чарлс Спенсер и сестрите на Дијана, Сара МекКоркодејл и Џејн Фелоус.

Ијан Ранк-Бродли, кој има долга историја на сликање на кралското семејство е избран да ја направи скулптурата на принцезта Дијана, бидејќи принцовите се воодушевени од неговите поранешни остварувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OK! Magazine (@okmagazine)

ФОТО: Фејсбук/Инстаграм

Поврзани содржини