Вилер: Ќе имаме повеќе видови на коронавирусот, затоа немојте да патувате
Ова нема да биде последната мутација што ќе ја видиме, да не заборавиме на бразилскиот тип на коронавирусот. Ќе имаме повеќе видови, затоа - не патувајте - рече тој.
Германија ќе го има коронавирусот под контрола до крајот на годината, но нов, поинфективен вид на коронавирус може да ја расипе ситуацијата, па Лoтер Вилер, претседател на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, рече „да не се патува“.
– Досега Германија регистрираше 16 случаи на британско вид на вирусот и четири видови на јужноафриканскиот сој, додаде Вилер, објави „Ројтерс“.
Сите пациенти се заразиле по враќањето од странство.
– Ова нема да биде последната мутација што ќе ја видиме, да не заборавиме на бразилскиот тип на коронавирусот. Ќе имаме повеќе видови, затоа – не патувајте – рече тој.
Во десет од 16 германски покраини, зафатеноста на болничките легла е скоро на при крај, а во единиците за интензивна нега, 85% од креветите се зафатени.
Вилер апелираше до граѓаните да ја прифатат вакцината против ковид-19 со цел да се намали притисокот врз болниците и рече дека луѓето треба да продолжат да се придржуваат до социјалните растојанија и хигиенските правила.
– На крајот на 2021 година, ќе успееме да ја ставиме пандемијата под контрола – рече тој.